Министерот за транспорт и врски Александар Николоски на социјалните мрежи објави дека компанијата Виз Ер почна со прдажба на авиобилети за линијата Скопје – Келн.
„Wizz Air започна со продажба на билети за новата авиолинија Скопје – Келн. Оваа авиолинија значи многу за развојот на туризмот, за нашата дијаспора и за развој на економијата и бизнисот. Продолжуваме да го развиваме авиосообраќајот во Македонија“, напиша Николоски.