Тој додаде дека преку Европската унија се отвораат огромни можности во рамки на инвестицискиот план преку една кредитна линија околу 20 милијарди евра и грантови од 9 милијарди евра, за кои Македонија треба сериозно да се посвети и да ги искористи.
– Третата работа за која мислам дека сериозно треба да се посветиме во следниот период како општество, како држава, како власт и опозиција, а за која јас и многу зборувам изминатиот период е инфраструктурата. Се отвораат огромни можност во рамки на инвестицискиот план на Европската Унија преку една кредитна линија околу 20 милијарди евра и грантови од 9 милијарди евра каде што мислам дека сериозно треба да се посветиме како држава и да ги искористиме истите, рече Николоски.
Власта не е посветена на инфраструктурата и искористување на инвестициските фондови на ЕУ
Обраќање на дебатата „Иднината на Европа и иднината на проширувањето“
• За жал оспорувањето на Македонија од страна на соседите е практично оспорување на ЕГЗИСТЕНЦИЈАТА на Македонија ваква каква што ја познаваме.
• Јас би сакал да се случи чудо во следниов месец и пол и Македонија да почне преговори со ЕУ, но да бидеме реални ТОА НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ.
• Треба отворено да зборуваме со граѓаните и отворено да се соочуваме со проблемите.
• Власта не е посветена на инфраструктурата и искористување на инвестициските фондови на ЕУ
• Изостанува силна битка со корупцијата, особено со онаа ситната која ги „убива” граѓаните по шалтерите, болниците, судовите и обвинителствата
Posted by Aleksandar Nikoloski on Wednesday, May 19, 2021
Тој посочи дека видовме еден добар инпут од Европската Унија, а тоа е дека се спремни европски компании да го градат оној дел кој што би бил од Белград до границата со Македонија, а исто така Европската Комисија вети еден голем грант од 650 милиони евра во овој дел.
– Мислам дека Македонија треба да е паметна и со еден добар издржан проект, кои што за жал во моментот го немаат министерствата од владата на Република Македонија да излезе пред Европската Комисија и да побара грантирање на таа делница која би одела од границата со Србија до Солун, Повардарската долина, како би можеле на тој начин да ја поврземе Атина со Централна Европа, односно да имаме едно целосно поврзување на овој регион и да патуваме од Скопје до Солун за час и половина. Секако тоа ќе ни отвори можност да користиме буџетски средства домашни за изградба на пругата кон Бугарија, и за изградба на пругата кон Албанија, како и развивање на автопатската мрежа кон Коридорот 8, вели Николоски.