Прво оваа власт е таа власт која што континуирано ја зголемуваше акцизата на дизелот и бензинот, и затоа меѓу другото расте цената на дизелот и на бензинот. Ние бараме акцизата да се намали на 50 проценти, понатаму бараме наместо 5 проценти даночна стапка за храна да е нула проценти и бараме за парното да се намали на нула. И исто така да продолжи повластената постапка од 5 проценти која што е на предлог на ВМРО-ДПМНЕ за електричната енергија затоа што во моментот инфлацијата е веќе преку 7 проценти, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското собрание во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.
Николоски покажа документ во кој стои дека Државното претпријатие за патишта дава договор за наводно превентивно и адаптивно одржување на систем за РАМС во време траење од 2 години во вредност од милион и 100 илјади евра, посочувајќи дека власта треба да почне да се однесува порационално во сопствената работа и во трошењето на парите и наместо тие пари да ги дава за нешто кој што никој не знае што е да ги пренамени за субвенции на производителите и трговците.
Прво што треба да направи владата е да помогне и да даде субвенции и на производителите и на трговците и треба да бидат малку порационални во сопствената работа и во трошењето на парите. Еве на пример пред мене имам договор од верувале или не, ни помалку ни повеќе милион и 100 илјади евра кој што го додели Државното претпријатие за патишта вчера за превентивно и адаптивно одржување на систем за РАМС во време траење од 2 години, и никој не знае што е РАМС и вели систем за управување со патишта чија цел е собирање на податоци за состојба на патиштата во проценка на патната мрежа стратешка програма и анализа итн. Знаеме ние каква е состојбата на патиштата, никаква, дупки има кај се стигне, ни автопатите не функционираат, Охрид Кичево не можат да го изградат, ова што е останато не функционира, милион и 100 илјади евра да ги дадат субвенција на маркетите, на дистрибутерите, на производителите многу повеќе ќе помогнат отколку некоја си РАМС мрежа која што оди на некоја словенечка фирма очигледно добро договорена со директорот од ДУИ кој што е директор на оваа институција, рече Николоски.
Има бројни вакви пример, видовме во РЕК Битола 27 милиони евра на Марковски му дадода во четири очи, додаде тој.
Во однос со информацијата дека син му на Зоран Заев започнал со трговија со електрична енергија, Николовски смета дека истиот може да добие пари од татко му за да си отвори бутик или кафич, бидејќи за тоа не е вклучена државата, но не и за трговија со електрична енергија бидејќи е вклучена државата затоа што Регулаторната комисија за енергетика дава лиценца.
Затоа што има 18 години и затоа што има услови. Може татко му да му даде да си отвори бутик или кафич, и за тоа не е вклучена државата, но за трговија со електрична енергија апсолутно е вклучена државата затоа што Регулаторната комисија за енергетика дава лиценца односно дозвола на фирма која што прави трговија со електрична енергија и таа треба да исполнува услови, потенцираше Николоски.
Не гледаме дека децата на работниците, децата на чуварите, полицајците, не гледаме дека децата на оние кои што работат во Железара, или децата на оние кои што се текстилни работнички отвораат фирми за трговија со електрична енергија, дециден е Николоски.