„Јавноста е на чисто во однос на сите прашања. Ние кажавме тоа што имавме да кажеме, расчистивме, и тоа е тоа. Ги изнесовме нашите партиски ставови, ги презентиравме во јавност. ВМРО-ДПМНЕ си има еден силен механизам на прочистување внатрешно. Тој механизам повремено го користи, за разлика од другите политички партии кои никогаш не направиле прочистување“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Трилинг“ на телевизија 24 говорејќи за реформирање на партијата.
Николоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ два пати прави прочистување во партијата.
„ВМРО-ДПМНЕ два пати прави прочистување, што е добар влез во прочистувањето што ќе го правиме во државата после формирањето на Владата“, нагласи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
„И тоа е тоа, ако стоите позади нешто укажувате еднаш, два пати, и ги презентирате фактите во јавноста и стоите позади нив. И доколку не стоите позади нешто тогаш се дообјаснувате, давате други аргументи итн. Ние се што имавме кажавме јасно, гласно, концизно, и стоиме позади секој збор што сме го кажале“, рече тој.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ стои позади секој збор кажан и презентиран во јавноста.