Ние не бараме амнестија за осудените од 27 ми април, туку да се ценат правните аргументи, а тероризам не сториле, изјави Александар Николоски , потпретседател на ВМРО ДПМНЕ во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 ТВ.
Има едно вакво расположение, адвокатите имаат нови докази, што е доволно да побараат од Врховниот суд ново судење. Ние не бараме амнестија, туку да се ценат правните аргиментти, а терооризам не сториле . 27 ми април не може да се гледа црно бело. Има неколку аспекти. Прво мора да го видиме целокупниот контекст. Тогаш имаше политичка криза, изборите завршија со тесен резултат, а на Божик Еди Рама ги собра лидерите да ја создатат Тиранската платформа и тоа беше јасно мешање во внатрешните работи на Македонија и на 27 ми април се случи нелегалниот избор на Џафери во точно 6 часот . Факт е дека тогаш се случи политичко насилство, па потоа упад во Собрание, што јас секако го осудувам. Но само после некое време видовме дека се оди кон една класична освета. Не можам да го разберам поривот за Заев да се осветува, човек да стане премиер и истата функција да ја користи за освета. Нема човек кој што рекол лоши збори за Заев, а да нема последици. Да бев јас на местото за Зоран Заев на тие луѓе ќе им простев и ќе понудев широка амнестија, изјави Николоски.
Во однос на новите докази не би се мешал, тоа е работата на адвокатите – бранители. Тие луѓе беа осудени како терористи и јас не можам да се согласам со тоа, констатира Николоски.