На крајот од ова интервју кое можете да го погледнете на линкот подоле, Николоски упати порака до Зоран Заев околу последните случувања во владејачката партија.
– Заев реши да бира раководство во ВМРО-ДПМНЕ. Затоа сега на Заев му се случува народната – кој на друг гроб му копа, сам во него ќе падне. Мечката веќе не игра во ВМРО-ДПМНЕ туку игра во СДСМ, гледаме секојдневно бројни расколи, најави за независни листи и гледаме судири со градоначалници.
Тој додаде дека ниту ВМРО-ДПМНЕ треба да е власт во СДСМ, ниту обратно, тоа е исклучиво внатрешна работа.