Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва од студиото на ТВ21 порача дека не може да го препознае лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

Според него, тој познава еден друг Арбен Таравари кој што не е истиот што го гледа на интервјуа.

„Не знам што е причината, дали е за нешто уценет, дали има нешто што не го знаеме. Се спомнуваат многу работи во политичката чаршија но не би сакал да шпекулирам“, вели Николоски.