Прашањето со уставни измени е завршена работа, во овој парламентарен состав нема да има уставни измени. Моите ставови се јасни на јавноста и ние нема да направиме конкретен чекор кој е против интересите на македонската држава и македонскиот народ, изјави лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија, и пратеник Иван Стоилковиќ за „Тема на денот“ на Сител телевизија.

Во врска со настаните на Бугарија тој се сомнева во две работи, едното дека е можно сценарија за да мора да интервенира меѓународната заедница и Македонија да биде принудена на отстапки и уставни измени, а како што рече второто е дека се ова води кон предвремени парламентарни избори.

– Дали ќе има обиди некој да се спаси, да избегне одговорност, најверојатно да, но се е јасно дека македонската дипломатија покажа неодговорен однос, ако оди по линија на попуштање дека работите ќе се средат сами по себе. Тоа е многу наивен пристап. Се покажа дека тоа не е така, но се разголи и пристапот на Бугарија. Тие се заинтересирани да Македонија и Македонците ги нема од историјата, јазикот е споредна работа затоа што ако го нема народот ќе го нема ни јазикот. Така да од тој аспект работите стануваат се појасни, истакна Стоилковиќ.

Според Стоилковиќ главен проблем е што македонската дипломатија го прави како грешка е што влезе во историски ревизионизам.

– Владата влезе во процес на историски ревизионизам и Бугарија од фашистички окупатор стана администратор и тоа е сосема обратно од историската вистина, а тоа е дека Македонија и македонскиот народ беа дел од антифашистичката коалиција. Тоа е скапа цена за Македонија, рече Стоиљковиќ.