„Талат Џафери да биде претседател на Собранието е лош предлог, го следат низа скандали во Собранието. Партијата која е со 12 пратеници да предлага премиер е поигрување со волјата на граѓаните, тоа е само 10% од вкупниот број на пратеници“, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вечерашното гостување на „КликПлус“ на ТВ21.

На прашањето „Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе биде дел од владата“ Николоски го објаснува неговиот став.

Се уште не сме одлучиле дали ВМРО-ДПМНЕ ќе биде дел од техничката влада. Суштината на техничката влада е да се заштити изборниот процес. Треба добро да размислиме бидејќи последните сигнали не излгедаат добро. Извесно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните избори. Извесно е и дека СДСМ ќе оди во опозиција. Јасно кажуваме дека нема да правиме коалиција ниту со СДСМ, ниту со ДУИ, вели Николоски.

Николоски објаснува дека моментално ДИК не е во целосен состав.

Моментално ДИК не е во целосен состав. Зошто? Затоа што третиот член на опозицијата местото му е празно. Тоа е Кренар Лога кој во меѓувреме стана власт. Требаше да се избере нов член во Државната изборна комисија. По жестокиот приситок на власта имаше конкурс, додава Николоски и вели дека се спори предлогот на албанската опозоција.

Според Николоски СДСМ е помал партнер во владата со ДУИ.

Ние предложивме го молевме СДСМ да се укине техничката влада за ДУИ да не добие премиер. Можевме да го направиме тоа дека имавме доволно пратеници. Им честитам на ДУИ, СДСМ е помала партнер во владата. Тие не се ништо друго освен приврзок, вели тој.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ за изборот на Талат Џафери вели дека ДУИ има само 10 отсто од вкупниот број пратеници.

Талат Џафери да биде претседател на Собранието е лош предлог, го следат низа скандали во Собранието. Партијата која е со 12 пратеници да предлага премиер е поигрување со волјата на граѓаните, тоа е само 10% од вкупниот број на пратеници, заклучува Николоски.

Николоски е сигурен дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните избори, а според него споените избори се победа на граѓаните.