Владата донела одлука да пренамени 32,5 милиони евра од буџетот за да може да се реализираат 66 општински проекти, пренесе РСЕ.

Одлуката е донесена на седницата на Владата одржана на 14 декември.

Пари ќе има и за скопските општини и Град Скопје, но и за други општини низ земјата. Во земјата има 80 општини и Град Скопје.

Парите ќе бидат наменети за изградба и доградба на образовни и здравствени институции, спортски објекти, инфраструктура, како патишта, мостови, улици, пречистителни станици.

Најголем дел од општините во земјата едвај преживуваат, па немаат пари за капитални инвестиции.

Половина од вкупните приходи на општините се од дотации од централната власт, покажуваат податоците на Државниот завод за ревизија.