Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска беше во посета на општина Карпош. Тој во изјавите за медиумите се осврна и на турнејата на премиерот Заев во Европа, а за која рече дека граѓаните на Македонија немаат никаов бенефит од истата.
Видовме дека Зоран Заев имаше еднонеделна турнеја низ Европа , Брисел, Мадрид, Атина, но немаме никаков бенефит. Гледаме дека нема никакво поместување во однос на ЕУ интергациите. И оваа година Македонија нема да добие датум за преговори и нема да почне преговори. Која е користа од ваквите посети. Прашањето кое се поставува и на кое што не довиваме одговор е зошто во Македонија не доаѓаат проекти, нема грантови и големи инфраструктурни проекти. Затоа што Зоран Заев оди со празни раце и не доставува проекти што е причина плус да се случат предвремени парламентарни избори, изјави Александара Николоски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, при посетата во општина Карпош .