На прашање дали се можни заеднички парламентарни и локални избори во октомври, Николоски вели дека гледа две опции.

– Ако Зоран Заев е минимум доблесен после се ова што му се случи, треба да поднесе оставка и да види дали граѓаните го поддржуваат или не. Ако сепак реши тврдоглаво, по секоја цена да остане на власт, покажува дека нема доверба во сопствениот рејтинг и дека сака со сила да остане на власт, тогаш ќе му се случи дебакл на локалните избори и сакал-нејќел, ќе мора да оди на предвремени парламентарни избори на пролет, рече Николоски.

Николоски исто така се осврна на можниот кандидат за градоначалник на Скопје кој ќе оди против Петре Шилегов. Тој истакна дека партијата се уште не се одлучила за еден кандидат, а на партиските анкети имаат поставено партиски, но и непартиски кандидати. Додаде дека ќе се цели кон тоа да се кандидираат што е можно поголем број на жени на кандидатските места за градоначалници.

Прашањето за заеднички парламентарни и локални избори, исто така ќе влијае врз имињата на новите кандидати за градоначалници.