-Во однос на општините, општините бараат најдомаќински можни начини да ги намалат сметките за струја, тие не се виновни и нас ни е јасно, тие сметки за струја пак ги плаќаат граѓаните затоа што општините функционираат на начин што прибираат даноци од граѓаните и после тие средства ги трошат. Општините се обидуваат да ја намалат цената на електричната енергија која што е поскапа не заради општините туку заради Бислимовски, Крешник Бектеши, Ковачевски и Зоран Заев кој што за две години произведоа еден милион мегават часови помалку електрична енергија. Сега во такви услови општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ наместо да се раструкуќи како што се овие претходните се обидуваат да заштедат и тоа не им чини на овие од Владата, од причина кои се главни увозници на струја во Македонија се блиски на Владата. Општините доколку се на таканаречен нерегулиран пазар увезуваат струја надвор од државата односно не трошат од домашните капацитети туку увезуваат струја како да се претпријатија, таа струја ја плаќаат по берзанска цена и ја плаќаат на дистрибутери односно на компании кои ја носат, кој што се блиски на актуелната власт, изјави Николоски.
Николоски вели дека за разлика од минатата година каде што за еден месец општина Битола платила близу 26 илјади евра за улично осветлување, претходниот месец платила 9 милиони и 900 илјади денари за електрична енергија или преведено околу 170 илјади евра, нагласувајќи дека до крајот на година за улично осветлување ќе плати милион и 800 евра споредбено со минатата година и токму поради тоа градоначалникот на Битола бара начин како овие пари да не ги уплаќа на оние кои што се трговци, односно да заштеди за да не мора битолчани да плаќаат повеќе.
-Минатата година за еден месец општина Битола плаќаат за улично осветлување 1 милион и 700 илјади денари или преведено 26 илјади евра. Веќе за претходниот месец општина Битола плати 9 милиони и 900 илјади денари за електрична енергија или преведено околу 170 илјади евра. Само за шест месеци оваа година општина Битола има платено 1 милион евра повеќе отколку истиот период минатата година. До крајот на годината општина Битола ќе плати милион и 700 до милион и 800 илјади евра повеќе за електрична енергија споредено со минатата година. Или ако сакате во проекти тоа е најмодерен булевар во Битола, тоа е да се реконструира комплет Широк сокак, тоа е да се смени комплетно водоводна и канализациона мрежа. Што прави градоначалникот на Битола? Бара начин да не мора да ги плаќа овие пари на оние кои што се трговци, односно да заштеди за да не мора битолчани да плаќаат повеќе, потенцираше Николоски.
-За да нема манипулации вкупната потрошувачка на електрична енергија за улично осветлување на сите општини во Македонија е само 1.32%, далеку од тоа што го спомнуваат и во моментот општина Битола како и сите други општини се слободен нерегулиран пазар затоа што истите овие бандити не им дозволија да плаќаат поевтина електрична енергија, дециден е Николоски.