Не е далеку времето кога имавме заробена држава и заробени институции и медиуми, судство. Гледајте што имаме денеска. Наместо заробени медиуми имаме слобода на говор, новинари кои истражуваат, кои отвораат очи и отвораат предмети но и Влада и институции кои расчистуваат без оглед за кого станува збор. Имаме судство коешто се прочистува од судиите од тефтерчињата и коишто испорачуваат правда и за тајкуни и за политичари и за бизнисмени. Нема недопирливи. Одговорност за украденото и правда за секој“ рече генералниот секретар Љупчо Николовски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ којашто денеска се одржува во Прилеп.
Тој додаде дека денеска имаме најтранспарентни институции а расипничкото однесување и трошење на парите на граѓаните се минато.
„Наместо заробени институции денеска имаме институции и Влада којашто е најтранспарентна во регионот, прогласена за најотворена и транспарентна. Расипничкото однесување на функционерите од режимот се минато. Сите информации се отворени и за граѓаните и за медиумите. Невладините организации не се поклопени туку се партнер на извршната власт во креирање на мерки и политики за граѓаните.“ додаде Николовски.
И клучно имавме заробена држава до 2016 година а денеска имаме држава којашто е членка на НАТО, рече генералниот секретар на СДСМ.
„Токму денеска, кога ние во Прилеп ја одржуваме оваа граѓанска трибина, претседателот на Владата седи на иста маса со останатите претседатели на држави и влади како рамноправен партнер, како членка во најмоќниот воено – политички сојуз НАТО. Тоа денеска е реалност. Тоа е гарант за сигурната иднина на сите граѓани и за идните генерации. Македонскиот идентитет и јазик го заштитивме и понатаму го штитиме. Тоа е нашата опција, и тоа се промените, тоа е СДСМ. Донесовме слобода, демократија, членство во НАТО и пред почеток на преговори со ЕУ, со заштитен македонски идентитет.“ рече Николовски.
Граѓанската трибина во Прилеп е втора по ред од најавениот циклус во рамки на засилените теренски активности на СДСМ кои вклучуваат над 1000 маалски средби, граѓански трибини и активности од врата до врата.