Првичните трендови се дека коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ ќе забележат уште една сигурна победа, изјави на првата прес – конференција по изборниот ден, генералниот секретар на СДСМ и шеф на Централниот изборен штаб, Љупчо Николовски.

Сепак тој рече дека аналитичкиот центар на СДСМ веќе почнал да ги пребројува гласовите и дека ќе ги објави првичните резултати на следната прес-конференција.

И тој призна дека имало проблеми со фингерпринтовите односно скенерите за отпечатоци на прсти, но не пропушти да каже дека гласањето со овие апарати било услов на ВМРО-ДПМНЕ за носење на Изборниот законик, а тие се согласиле на овој услов како демократска партија.

Според Николовски изборниот ден бил мирен, достоинствен и европски ден, а СДСМ и им честиташе и на институциите и на граѓаните кои учествуваа на овие избори.