Николовски вели дека бил во постојана координација со надлежниот инспекторат и биле преземени сите мерки во нивна надлежност.

– Изминатиот период бев во постојана координација со надлежниот инспекторат, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој веднаш ги презеде сите мерки што се во нивна надлежност. Инспекторатот изврши вонреден надзор, и по констатирањето дека во домот на Асани има дива гинеколошка ординација веднаш му издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност, напиша Николовски на Фејсбук, додавајќи дека во тек е истражна постапка по пријава за кривична одговорност во Основното јавно обвинителство Струга.

Директорот на струшката болница, Мухамед Асани, е разрешен. Нема компромиси кога е во прашање здравјето на граѓаните….

Posted by Ljupcho Nikolovski on Thursday, March 18, 2021

Случајот за Асани го пријави пациентка од Дебар, која при породувањето со царски рез кој го вршел Асани во струшката болница остана без матка, јајник и бубрег, а докторот целата бременост ѝ ја водел во дивата ординација дома.