Вевчански карневал, најпознатиот бренд на Македонија кој традиционално се одржува на 12-ти, 13-ти и 14 Јануари годинава ќе го изостави својот сјај поради смртта на млад вевчанец, син на екс-пратеникот Крсто Мукоски.
Вчеравечер, во сообраќајна несреќа загина 19 годишниот Милан Мукоски, а оваа трагедија го засени традиционалниот настан кој се одржува за Василица.
Градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски вели дека Вевчани е мало место и сите се познаваат, па затоа следува и ваквата одлука поради згаснувањето на младиот живот.
Поради трагедијата која се случи вчера во Вевчани, во сообраќајна несреќа ни погина млад член на Вевчани, можете да забележите и сами, учиците во Вевчани на 13 јануари никогаш не биле во ваква состојба. Скоро се празни. Скоро и да не забележав маскирано лице. Вевчани сме мало место, сите сме како една фамилија, изјави Кочовски.
Во Вевчани никому не му е дојдено до оро и гласна музика. Затоа некои ресторани вечерва нема да работат, а некои без гласна музика. Градоначалникот додава дека вака досега никогаш не било во Вевчани.
Со соопштение се огласија и официјалните организатори на настанот:
Поради трагедијата која се случи во раните утрински часови музичката програма од Вевчанскиот карневал која беше предвидена на 13.01.2024 се откажува. Во координација со општината и василичарските друштва од Горна и Долна мала се донесе одлука заради продолжување на традицијата да се оддржат традиционалните адети и поворката и дефилето ќе се случат во предвиденото време но со намален интензитет без музика и оро, со едноминутно молчење на централното случување, информираат организаторите.
Вевчанскиот карневал е една од најстарите традиции на Македонија и Вевчани која се претпоставува дека има континуитет најмалку 1500 години.
Пишани извори сведочат дека карневалот е стар најмалку 1.460 години, но постојат археолошки наоди кои упатуваат на податоци дека карневалот постои барем 2200 години. Денес карневалот е интересно и необично преплетување на пагански со христијански обичаи. Традиционално, учесниците се обидуваат да избегнат воведување на современи карневалски елементи, но веќе години наназад има и богата музичка програма.
Прочитајте повеќе за трагедијата која го потресе Вевчани: