Дипломатијата е занает и не се учи преку ноќ. Македонија формално – правно може да се каже дека и нема дипломатија. Тоа се одбрани луѓе по некои политички клучеви, критериуми и се надвор од употребите на државата, експерт за се и стручњак за ништо. Треба да ги ширите и браните интересите на државата. Праксата и традицијата се клучни, тоа е еднен од најстарите занаети, изјави поранешниот амбасадор Ристо Никоски во емисијата Филибастер на Радио Лидер.
Таа политика е неодговорна и си ја сечеш гранката на која седиш, истакна Никовски на прашањето дека Македонија се уште нема амбасадори во клучни европски и светски центри. Сите надворешно политички прашања ги решава една мала група на луѓе во земјава. Основните проблеми на Македонија се од дипломатско ниво. И вие кога немате дипломати, нема кој да се бори за сопствените интереси. Пример да пратите во некоја држава аматер е навреда за самата држава.