Продажбата „е светски рекорд за една видеоигра“, пренесоа повеќе американските медиуми.
– Тоа беше „ѕвездата“ на аукцијата!, изјави Ерик Бредли, гласноговорник на аукциската куќа.
Името на купувачот не е објавено.
Инаку, се работи за примерок на играта од 1987 година, којашто е во запечатено оригинално издание. Претходниот рекорд го држеше видео играта „Супер Марио брос“ од 1986 година, којашто истата аукциска куќа ја продаде за 660.000 долари во април.