Новак Ѓоковиќ не успеа да стигне до својата 25-та титула на Гренд Слем.
По три часа и една минута, Ѓоковиќ беше поразен од светскиот број еден, Карлос Алкараз, со 3:1, во сетови 2:6, 6:2, 6:3, 7:5.
Алкараз го освои својот седми Гренд Слем трофеј, а прв на Отвореното првенство на Австралија. Ова го направи најмладиот тенисер во историјата кој освоил Гренд Слем во кариерата, односно барем еден трофеј на сите четири Гренд Слем турнири.
По десет победи во финалето на Австралија Опен, Новак го доживеа својот прв пораз.
