На крајот по сите владини лаги, фијаско од европскиот фронт кој го најавуваше СДСМ. Нивните зборови дека ќе ги соберат сите албански партии и сите ќе го поддржат Стево Пендаровски пропадна во вода. Алијанса за Албанците, но и ДУИ ќе имаат свои претседателски кандидати.

Земете еден бел лист хартија и напишете на левата страна „пропаганда“, а на десната „реалност“. Ќе видите дека ништо од пропагандата за СДСМ и ДУИ ништо не успеа, започнува Николоски.

Како такви примери на пропагандата на СДСМ и ДУИ ги наведе следниве:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставни измени

Цела пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставни измени, пола пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставни измени, па 8 пратеници ќе гласаат, па 6, па двајца. На крајот не гласаше никој. Ќе дошле Американци да не притиснат, ништо од тоа не бидна.

Ќе се поделело ВМРО-ДПМНЕ

Ќе се поделело ВМРО-ДПМНЕ, ќе се поделело со крило на Сашо Мијалков, ќе се враќал Никола Груевски, Груевски ќе го презел ВМРО-ДПМНЕ, а партијата ќе се подели. Во реалноста токму СДСМ се подели. Што се случи таму? Имате СДСМ, го имате Максим Димитриевски, го имате Бранко Црвенковски. Две се формални и една е неформална.

ВМРО-ДПМНЕ има една листа, СДСМ има седум

Имаа заеднички листи во т.н. европски фиктивен фронт. На крај ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со една листа, а СДСМ со седум. Тие се: СДСМ, Максим Димитриевски, ДУИ, Изет Меџити, Арбен Таравари, Зијадин Села, Левица. Неформално и Левица се дел од власта.

Изборите ќе биле разделени, а ВМРО-ДПМНЕ немало да добие министри во техничката влада

Понатаму. Изборите ќе беа разделени. Еве ги гледаме дека не се. Споени се на 8 мај. ВМРО-ДПМНЕ немало да добие министри во техничката влада. Понатаму, ќе се обединеле сите албански партии и ќе потпишеле декларација дека нема да коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ ако не изгласа Уставни измени.

Ништо од пропагандата на СДСМ и ДУИ не успеа

Ништо од пропагандата на СДСМ и ДУИ не успеа. Тоа го руши нивниот кредибилитет. Тоа за нас како политичка партија е одлично. Сѐ што зборуваат во јавност лажат. Нивното членство е тотално демотивирано. Тактиката на ВМРО-ДПМНЕ успеа да ги донесе во ќош. Нивната тактика ги донесе да немаат претседателски кандидат и никој да не сака да се нафаќа на тоа. ВМРО-ДПМНЕ ќе има убедлива победа и на претседателските избори, заклучува Александар Николоски во утринското гостување во „Еспресо со Златев и Боцевски“ на Радио Лидер.