За разлика од еуфоријата и енергијата која ја имаше пред само неколку месеци кај лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски дека нивниот коалиционен партнер ДУИ ќе ја поддржи т.н. „европска коалиција“ тоа повеќе не е така.

ДУИ сѐ подалеку од СДСМ

Без директен и конкретен одговор Димитар Ковачевски дали ДУИ ќе го поддржи нивниот кандидат. Тој со краток коментар вели дека секоја партија може демократски да одлучи за претседателски кандидат

Ние сме демократско општество и секоја партија може да кандидира за секоја функција. Нашиот кандидат ќе биде познат до крајот на овој месец или евентуално на почетокот на следниот, започнува Ковачевски.

На конкретното прашање „дали ДУИ ќе го поддржи нивниот кандидат“ тој вели дека имате расположлива опција да го прифатат нивниот кандидат.

Тоа е прашање кое ДУИ треба да го одговори. ДУИ има опција да го прифати претседателскиот кандидат кој ние ќе го предложиме или да кадидира свој кандидат, рече Ковачевски.

Вжештена тензијата меѓу Стево Пендаровски и ДУИ

Експертите како една од опциите за оддалечувањето на ДУИ од СДСМ го сметаат конфликтот меѓу претседателот Пендаровски и непотпишаниот указ за игрите на среќа.

Откако претседателот на државата, Стево Пендаровски не го потпиша указот за Законот за игри на среќа се вжешти тензијата на релација Пендаровски – ДУИ.

Али Ахмети како претседателски кандидат

Во меѓувреме се погласни се шпекулациите дека ДУИ ќе оди со свој кандидат којшто ни помалку, ни повеќе ќе биде првиот човек на партијата Али Ахмети. Оваа информација ја потврдија високи функционери на ДУИ за А1он. Освен тоа, кружи и информацијата дека можеби министерот за надворешни работи, Бујар Османи ќе атакува за оваа позиција.

Посакувана конфронтација: Таравари со желба да го види Ахмети како ривал во претседателската трка

Ако едно нешто засега е потврдено тоа е дека „ривал“ во албанскиот блок на Али Ахмети ќе биде Арбен Таравари. Лидерот на Алијанса за Албанците ќе биде дел од албанската коалиција која ќе го поддржи него.

Бујар Османи ги објасни причините за Законот за игри на среќа

Потпретседателот на ДУИ и министер за надворешни работи Бујар Османи даде свој коментар во телевизиско интервју.

Неповрзани се тие две работи. Овој закон беше важен бидејќи беше предизборно ветување на ДУИ. ДУИ вети дека обложувалниците ќе ги тргне од централните градски подрачја, односно од важни објекти како школите и верските објекти. Затоа инсистиравме на тој закон да бидат оддалечени по 500 метри. Здруженијата кои се борат на ова и кои велат дека „заради европското знаменце не се потпишува“, но ова е малку дискутабилно, вели Османи.

Тој има дилеми за Пендаровски зошто не го потпишал указот.

Голем притисок правеа здруженијата за игри на среќа и сега не е јасно зошто не е донесена одлука. Дали е поради притисок на здруженијата за игри на среќа или заради европското знаменце, прашува Османи.