Нивоата на повеќето реки во земјава се под просекот за септември, покажуваат денешните хидролошки мерења.
Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, единствено покачување на нивото на водата се бележи на реката Црн Дрим кај Ложани, на Пчиња кај Катлановска бања и на Вардар кај Демир Капија.
Водостоите на Охридското, Препанското и на Дојранското Езеро, според денешните мерења, се во рамки на просекот.