Водостојот на повеќето реки низ државата е над просекот за декември, покажуваат дневните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Намалување под просекот имаат реките Вардар кај Демир Капија, Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Штип и Берово, Црна Река кај Новаци и Црн Дрим кај Ложани.

Според УХМР, нивото на водата во Дојранското и Преспанското Езеро е во рамки на просекот за декември.