Израелската војска ја одложи планираната копнена офанзива во Појасот Газа за неколку дена поради лошите временски услови, се вели во извештајот на Њујорк тајмс.
Копнената офанзива требаше да започне овој викенд, но беше одложена поради облачното небо што ќе им отежне на израелските пилоти и операторите на беспилотните летала да им пружат воздушна поддршка на копнените сили, објави Њујорк тајмс, повикувајќи се на тројца неименувани високи израелски офицери.
Израелската армија во саботата вечерта соопшти дека подготовките за „интегриран и координиран напад од воздух, море и копно“ на Појасот Газа се при крај.