Она што е интересно во целата ситуација, е фактот што некои пропаднати држави како Либан, Ел Салвадор, Камбоџа и други се подобро рангирани по бројот на вакцинирани лица на 100 жители.

Имено, како што објави „Њујорк Тајмс“ во Македонија на 100 жители досега вакцинирани 3 лица, со што не става на самото дното по бројот на вакцинирани лица.

За споредба, еден Либан досега на 100 лица вакцинирани се 6,9 лица, Ел Салвадор 14 лица на 100 жители, Камбоџа растргната од војни со 15 лица на 100 жители, Монголија 48, а исто така и Молдавија е подобро рангирана од Македонија и тоа со 5.5 лица по жител.

Македонија, според „Њујорк Тајмс“ е на самото дно со само 3 вакцинирани лица на 100 жители, со што уште еднаш се потврдува неспособноста на Владата и на министерот за здравство со справувањето со коронакризата.

Инаку, вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во Република Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 153.137, бројката на оздравени пациенти е 135.367, на починати е 5.016, а бројот на активни случаи изнесува 12.754.