Норвешка се приклучи на шестиот пакет санкции на Европската унија против Русија, објави Министерството за надворешни работи на таа земја на својата веб-страница.

„Ја поддржуваме Европската унија во воведувањето санкции кон Русија со цел да се изврши притисок врз владата и нејзиното раководство. Сега забрануваме увоз на нафта од Русија во Норвешка по морски пат“, наведе норвешкиот министер за надворешни работи Аникен Хитфелд во соопштението.

Норвешка, исто така, воведува санкции за 65 руски државјани и 18 руски организации.