Норвешкиот институт за јавно здравје препорача да се прекине употребата на Астра Зенека, но на владата и требаат повеќе информации пред да донесе конечна одлука.

Властите ја прекинаа вакцинацијата со Астра Зенека на 11 март откако мал број вакцинирани млади беа хоспитализирани поради комбинација на згрутчување на крвта, крварење и ниско ниво на тромбоцити, а некои од нив починаа.

– Владата верува дека немаме доволно добра основа за да постигнеме конечен заклучок дека вакцината Астра Зенека треба да се отстрани од норвешката програма за вакцинирање во овој момент, рече Хеј на прес-конференција.

Владата ќе назначи комисија за понатамошно анализирање на сите достапни податоци, која до 10 мај ќе достави извештај.