Премиерот Зоран Заев, вината за непочитување на растојанието и другите правила им ја префрли на непредвидените симпатизери кои им се придружувале на партиските собири.

На собирите кои се организирани од партиите пред локалните избори, повеќето граѓани но и самите организатори не носат маска и не држат растојание.

Протоколите за заштита од Ковид 19 предвидуваат дека доколку се одржуваат масовни собири и не може да се почитува одржувањето дистанца, граѓаните треба да носат маска.