Во Германија за првпат е надмината бројката од 200.000 новозаразени со коронавирус што е нов рекорд кога се во прашање новите случаи за едно деноноќие во таа земја.
Германскиот Институт за заразни болести Роберт Кох соопшти за 203.136 позитивни тестови во последните 24 часа, што е за 69.600 случаи повеќе отколку истиот ден пред една недела. Седумдневната инциденца на 100.000 луѓе се искачи на 1.017 од 941 претходниот ден, додека 188 лица починаа. Со тоа, бројот на починати се зголеми на 117.314 од почетокот на пандемијата.
Германските пратеници вчера дебатираа дали да се воведат задолжителни вакцини против Ковид-19 додека демонстрантите се собраа пред зградата на парламентот. Околу 75 отсто од германското население примило најмалку една доза од вакцината, што е помалку отколку во другите западноевропски земји како Франција, Италија или Шпанија, каде што еквивалентни бројки се 80 отсто, 83 отсто и 86 отсто