Додека „лидерот“ им во интервју за РСЕ тресеше зелени за некакви си ступидни и имагинарни поврзаности на владејачката ВМРО-ДПМНЕ со Србија, Унгарија и Русија, дечиштата од подмладокот на неговата партија во распад тресеа друг тип на „празна слама“.
И во исто време кога Фичо „звани“ чувар на тронот на Заев тераше индолентни наративи за некави си „божемски“ врски на актуелната власт, која за негова жал е поблиску до САД од она што Заевци некогаш биле (освен кога исполнуваа антимакедонски нарачки со име, устав итд.), излезе едно девојче со оние „новите“ презимиња, без род, од оние модерните контраши на вековната македонска традиција. Се лутел некој или не, но тоа е вистината. И кога бекна:
„Тоа е 21 јануари. По два дена од одлуката на Обвинителството се повлекува Кедев на 23 јануари. Случајно? Ништо не е случајно“, рече членот на Извршниот одвор на СДСМ, Цветановски.
Сите очекуваа некој Цветановски, ама таа да ти била членка на ИО, Симона да ти се викала, девојченце, башка непознато, од оној „новиот/новокомпонираниот“ тим на Венко, анонимус , како и сите во новото, избрано од ЗЗ СДС. „Изненаѓење“, башка статива.
Исто како и што никој не знае како им се вика генералниот секретар, ама сите ги знаат Венко Златна виза, Црпко Муртинхаузен, Јон Шмрчко, Сокол, Фани Сорос и Ана ве мразам сите. Но, не по добро.
И сега? Епа, имало многу во ифантилната глупост и конструкција дека Кедев заминал, саде два дена откако нивниот Гаврил Бубевски им плеснал „во фаца“ на СДС и им отворил истрага на Венко и стопанот Заев за безобразниот рекет врз Жан Митрев?! Истрага во која Митрев располагал и со писмени докази?
За жал на СДС, веста дека ЈО им отвори истрага за РЕКЕТ на Филипче и газда Заев, во македонската јавност излезе дури на 28-ми ЈАНУАРИ во јавност. Упс…
За волја на вистината, први објавија од ТВ Телма, минатата среда на 28.01.2026 г. Пак статива. Значи, на 23-ти никој не знаел дека има отворено истрага за злоупотребувачите на службена должност Венко и Зоче, кои сакале га-га болница за беспари. Или Фиќо и Заев знаеле? Поверојатно, Шмрчко кога го пишувал пресот претерал со оној белиот иљач? Веројатно, но не и македонската јавност и Кедев кој сега го користат како „спотер“ за лажни наративи. „Веста“ ви е глупава ко ноќ, ко што вели народот, за да ви биде троа појасно…
Целата несреќна конструкција има две опции. Прво, наликува на евтино, патетично боливудско сценарио, тоталка зрело за златна малинка.
Втората, поверојатна опција е сценарио од типот на „Глупавиот и поглупавиот“. Решете самите кој е кој…
Туку, чуму Заев не дојде на конгресот на СДС и се уште се крие во Дубаи, во земја со која, случајно нели, Македонија нема договор за екстрадиција?
Онака, за ДРУГАРЧЕ прашуваме…
