Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски открива нов момент во истрагата по двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Додека се чека екстрадација на првоосомничениот Љупчо Палевски – Палчо на нашите власти од Турција им биле доставени отпечатоци и папиларни линии.

Нов момент е дека побаравме од Република Турција да се достават дактилоскопските податоци, капиларни линии и денеска тие се доставени. Ќе бидат предадени на Јавното обвинителство. Очекувам наскоро да стигне и материјалот за ДНК анализа преку секторот за меѓународна полициска соработка, вели Спасовски.

Во овој тек на постапката потребно е да се земат сите дектилоскопски работи кои се неопходни.