Како што веќе се шпекулира подолг период, партискиот лидер Димитар Ковачевски во изборна единица 1 директно ќе се соочи со Христијан Мицкоски. Најголемото изненадување сепак би бил камбекот на пораншениот министер за здравство Венко Филипче.

Внатрепартиски раскол или сепак обединување?

Останува да видиме дали СДСМ ќе се обедини или ќе остане разединето како што е повод тековната кавга меѓу Миле Зечевиќ и поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов. Кавгата настана откако Зечевиќ присуствуваше на конгресот на партијата на Данела Арсовска.

Пред одреден период имаше и останати внатрепартиски преписки, а овие избори вреди да се напомене дека поранешни членови на СДСМ ќе бидат на партиските листи на движење на Максим Димитриевски. Освен самиот Димитриевски кој е долгогодишен функционер на СДСМ, на листите на ЗНАМ е и звучното име на Весна Бендевска.

Потенцијални носители на листи на СДСМ

Како што нашата редакција и пред извесен период објави во првата изборна единица на СДСМ носител би бил Димитар Ковачевски. Според неофицијални извори како социјал-демократска пракса СДСМ би имал и коносител на листа, а тоа би била Моника Зајкова, лидерот на ЛДП. Оваа партија е коалициски партнер на СДСМ.

Во втората изборна единица СДСМ се шпекулира дека би одел со актуелната директорка на УЈП, Сања Лукаревска или пак министерот Фатмир Битиќи.

Во третата изборна единица во игра се два кандидата: Министерот за земјоделство Љупчо Николовски или поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Најголемото изненадување од четвртата изборна единица може да биде Венко Филипче, екс министерот за здравство и лично голем пријател на Зоран Заев.

Според неофицијални информации СДСМ во петтата изборна единица ќе оди со актуелната министерка за одбрана, Славјанка Петровска.

Сите очи се вперени кон Изборната единица шест. Таму не се знае дали СДСМ ќе оди сам, а зависи од евентуална коалиција со долгогодишните соработници од ДУИ.