Цените на угостителските услуги се зголемени на почетокот од 2026 година.
Во јануари 2026 година цените се повисоки за 0,2 проценти во однос на претходниот месец. Во споредба со јануари 2025 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 3,4 проценти. Во текот на 2025 година, пак, во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
