Цените на нафтата на меѓународните пазари се искачи до 109 долари, поради загриженоста за помала испорака од Русија и Либија.
На лондонскиот пазар нафтата се зголеми до 108,71 долар, односно порасна за 1,46 долари во однос на претходното затворање.
Идентично беше и на американскиот пазар каде што цената достигна 104,06 долари, односно 1,5 долари повисока цена.
Цените на двата пазари остро паднаа во вторникот, но сега повторно следи раст и поради санкциите против Русија, а во план е нов пакет за удар врз Русите поради инвазијата во Украина