Масовни гробници се пронајдени во село во близина на Мариупол, изјави градоначалникот Вадим Бојченко.

Тој ги потврди информациите дека се откриени „ровови“ во селото Мануш во областа Доњецк и тврди дека руските сили ги собрале телата во камиони и ги фрлиле таму.

Говорејќи преку видео врска од непозната локација, тој рече дека „руските војници ги бришат своите злосторства“.

-Ова е втора недела по ред како се е целосно затворено. Никој не смее да влезе. Тие вршат расчистување. Тие ги прикриваат злосторствата извршени од Руската Федерација во Мариупол, рече тој.

-Според нашите проценки, повеќе од 20.000 цивили беа убиени во непријателските артилериски и ракетни напади на улиците на нашиот град, додаде тој.