Скопјанка на 54-годишна возраст вчера пријавила во полиција дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку соученици. Нападот се случил завчера во основно училиште на подрачјето на Карпош.

Ова е втор пријавен случај на насилство меѓу малолетници на територијата на Карпош во изминатата недела. Во претходниот инцидент, малолетник бил нападнат на детско игралиште од петмина врсници, од кои двајца ги познавал.

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти СВР Скопје.