Во Франција потврден е нов сој на коронавиус, јавува DW.

Новиот сој B.1.640.2 бил потврден на почетокот од декември кај едно лице кое дошло до Камерун и со овој сој заболен се 12 лица на југот од Франција.

За овој сој не се знае ништо, освен дека има 46 мутации, што е повеќе од кај омикрон каде има 37 промени на генетскиот материјал.

Вирусолозите успеале да утврдат дека овој сој е „круна“ на познатите мутации N501Y и E484K. За овие промени познато е дека вирусот силно се поврзува со човековите ќелии, односно лесно и брзо се шири.

Поради малиот број случаи сепак не може да се утврди попрецизно колку новиот сој е заразен и опасен.