Еколошката такса ќе изнесува 3,5 денари по литар и кога на тоа ќе се додаде ДДВ од 18%, тогаш поскапувањето ќе биде 4,13 денари.
Информацијата денеска ја потврди и премиерот ЗаевТоа значи дека едно семејство што месечно троши по 100 литри од 1 јули ќе има 413 денари помалку во својот буџет.
Дополнително, ова лето се најавува и поскапување на струјата а Владата планира за овој енергенс да го намали ДДВ-то за да го ублажи ценовниот шок.
Заедно со значителното поскапување на храната и производите во продавниците граѓаните се ставени во незавидна позиција.
Некои пресметки велат дека од август во секое семејство ќе има за околу 50 евра помалку пари од истиот период минатата година.
За само 2 години, Владата го зголеми јавниот долг за околу 2 милијарди евра, од 5 на 7 милијарди, па овие нови давачки се во насока да се стабилизира економијата.