Тинејџерката Л.И. (15) со кујнски нож го повредила момчето А.Р. (15) и наставничката која се обидела да ја спречи во намерата.
Српските медиуми јавуваат дека инцидентот се случил во Гимназијата „Руѓер Бошковиќ“ во Белград.
Момчето и наставничката се полесно повредено и им се укажува лекарска помош.
Според неофицијални информации, девојчето на барање на родителите претходно била испишана од ова училиште.
Зошто дошла со кујнски нож во училиштето и зошто го нападнала врсникот и наставничката допрва ќе се истражува.