Нов земјотрес во Пловдив. Епицентарот е на четири километри од Асеновград.

Според податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала.

Според податоците на Националниот институт за геофизика, географија и геодезија, магнитудата е 3,4, а длабочината 8 километри. Регистриран е во 15:14 часот, по локално време.

Земјотресот бил почувствуван и во источниот дел од Македонија, но и во соседна Грција.