„Честитам на градоначалникот, на советниците, на администрацијата, на пратениците коишто доаѓаат од овој дел на Скопје за залагањето, за трудот, за амбицијата, за тоа коешто претставува акутен проблем, а тоа е обезбедување на услови за дечињата, да бидат сместени во градинките, да се решава“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека во истиот реон паралелно се градат неколку градинки и дека очекува брза промена во капацитетите.
„Неколку градинки одеднаш се градат овде и убеден сум дека за многу кусо време од денеска листата на чекање веќе нема да биде листа на чекање, туку секое дете коешто ќе сака да оди во градинка, односно коешто ќе има потреба од сместувачки капацитет ќе го има и истиот“, нагласи премиерот.
Проект кој ги засилува просемејните политики
Мицкоски го поврза проектот со политиките што ја поддржуваат семејната динамика и унапредување на условите за децата.
„И тоа е во насока на пролајф или просемејните политики на оваа Влада, бидејќи вие не можете да работите на кампања за зголемување на фертилитетот, а од друга страна да не ги овозможите сите услови за да можат дечињата да одат во градинка“, изјави тој.
Тој најави дека Владата ќе продолжи со вакви проекти и со инвестирање во подобри услови за семејствата.
„Така што продолжуваме и понатаму да се залагаме за тие просемејни политики и вредности“, заклучи Мицкоски.
