Нашите институции, во текот на привремениот престој овде им ја овозможија целата потребна поддршка, а трошоците беа покриени од меѓународните организации.
Овие цивили беа спасени во големата меѓународна операција за помош на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти и нивни семејства, а се под закана на новиот талибански режим во Авганистан.
Во моментов во земјава престојуваат 505 авганистански граѓани. Од Македонија до сега заминаа 128-мина на кои траен престој им обезбедија Франција, Грција, Ирска, Португалија, Бразил и САД.