„Оваа соработка ќе и обезбеди на Романија технологија за мали модуларни реактори, што ќе даде предност на развојот на САД во глобалната конкуренција на ММП. Малите модуларни реактори ќе бидат важен фактор во намалувањето на улогата на јаглеродот во енергетскиот сектор“, се наведува во соопштението од Белата куќа.

Во проектот учествува американскиот производител на мали модуларни реактори NuScale Power. Земјите планираат да изградат станица со 12 модули која ќе отвори 6.000 работни места во САД и Романија, а во иднина би можела да отвори до 30.000 нови работни места.