Извршено е свирепо убиство, а според засега неофицијални информации станува збор за убиство на таткото на Гани Туша, кој е татко на осомничениот за убиството врз Орхан Бајрами – Оки кој беше застрелан летово во Грција. На лице место се констатирани прострелни рани од автоматско оружје.

„Во 18.10 ч. во СВР Скопје е пријавено дека во близина на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце, Н.Т. го пронашол неговиот брат З.Т. (56) без знаци на живот, со прострелни рани од огнено оружје“, го потврдуваат убиството на МВР за Слободен печат.

Туша има богато криминално досие, а моментално се наоѓа во затворот Шутка. Тој е обвинет за убиство на Орхан Бајрами – Оки – еден од водачите на Дуќанџик. Неговото убиство се изврши летово во Грција.

Прочитајте повеќе околу престрелките во албанското подземје каде централна фигура зазема и гореспоменатиот Оки.

ДЕТАЛНО ОБЈАСНЕТО: „Шиша бар“ и „Ханиоти“ – Две убиства, ист убиец: Грчката полиција бара екстрадација на убиецот од Ханиоти

Од МВР најавија целосно расчистување на вечерашното убиство и целиот случај.