Детали за инцидентот

Вчера попладне, околу 17 часот и 30 минути осамнаа две знамиња на Албанија и УЧК во тетовско. Едното беше поставено на тетовското кале додека другото беше поставено на црквата Свети Анастасиј. Со тоа е сквернавен верскиот објект.

Сквернавење на црквата Свети Атанасиј во Тетово – албанско знаме на куполата, а УЧК знаме на влезот на Калето

Се огласија од СВР Тетово

За инцидентот се огласија и од полицијата од Тетово. Портпарлот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски го објасни инцидентот. Тој вели дека СВР работи на случајот, а дека сторителот е непознат. Активно се трага по сторителите кои сквернавеа верски објект.

Лански инцидент

Во текот на ланската година едно лице беше лишено од слобода поради сквернавење на црквата Свети Наум Охридски -Чудотворец, која е сместена на Попова Шапка.

Симнувањето на знамето на МПЦ – Охридска архиепископија и поставувањето на знамето на Албанија на негово место беше причината за лишување од слобода на ова лице. Според инормациите, осомничениот е 33 годишник од Мала Речица.

сквернавење- попова шапка

Чести провокации

Провокаци се мотиви инспирирани од војната во 2001 година честопати ги има во тетовско, но и на територијата на целата држава. Последен ваков инцидент беше случен во ноември кога албанското знаме беше закачено на јарболот во дворот на манастирот „Свети Наум охридски-чудотворец“ на Попова Шапка.