Новак Ѓоковиќ и дефинитивно ќе може да игра на Отвореното првенство на Австралија, иако ја нема примено вакцината против Ковид 19.

Медиумите од оваа земја излегоа со информација во која што велат дека австралиските власти нема да прават проблеми на српскиот рекет во нападот на новата гренд-слем титула.

Иако сè уште нема официјална потврда, а за такво нешто ќе почекаме до декември, речиси сигурно е дека сите препреки се надминати.

За потсетување, Новак во јануари доживеа вистинска драма во Австралија, по што мораше да биде депортиран.