Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ нема да учествува на турнирите во Индијана Велс и Мајами, бидејќи американската државна безбедност не му издала дозвола за влез во земјата.
Ѓоковиќ поднел документација и побарал посебна дозвола за влез во САД бидејќи не бил вакциниран против корона вирусот, но сенаторот Рик Скот од Флорида денеска на својот Твитер профил објави дека барањето на Ѓоковиќ е одбиено.
„Ни беше кажано дека барањето на Ѓоковиќ е одбиено и тој нема да може да учествува во Мајами следната недела. Претседателот Џо Бајден мора веднаш да го поправи и да му дозволи да игра во нашата земја“, напиша Скот, пренесе Танјуг.