На 4 март, Светскиот ден на дебелината да потсетиме дека прекумерната тежина е пред се здравствен проблем со животозагрозувачки ризик. Од прекумерната тежина се зголемува ризикот за многу други болести како срцеви болести, дијабетес, висок крвен притисок.

Од Жан Митрев Клиник велат дека борбата против дебелината е мултидисциплинарен процес што опфаќа повеќе пристапи при лекување.

Погледнете ја трансформацијата на нивниот 39 годишен пациент од Прилеп кој се избори со оваа болест на денешницата.

Тој за еден месец изгуби над 35 килограми, благодарение на комбинираниот медицински пристап, диететски режим и третирање на животозагрозувачката состојба настаната како резултат на прекумерна телесна тежина од 170 килограми и телесен масен индекс од 55.

Да направиме промена на перспективите: Да зборуваме за дебелината. Да ги исправиме заблудите, да ја признаеме нејзината сложеност и да преземеме ефективни активности.

Дебелината во светски рамки е во пораст и прогнозите велат дека до 2035 година 1,9 милијарди луѓе ширум светот ќе го имаат овој проблем. Секој четврти човек ќе биде со прекумерна тежина а дебелината кај децата ќе порасне за 100 отсто.