Директорот на ЕСМ, Васко Стефанов, очекува во почетокот или средината на септември да се знае цената на парното греење.

Според него, АД ЕСМ е целосно подготвена за новата грејна сезона. Ремонтните активности се во тек и се очекува да завршат некаде на крајот на септември – почетокот на октомври со што сите производни капацитети ќе бидат ставени во функција.

Стефанов се надева и дека ќе продолжи поддршката од Владата со цел, како што напомена, ЕСМ да работи продуктивно, во интерес на граѓаните, за цената да не се зголемува и да нема рестрикции.